Имаме три убави вести во однос на авиосообраќајот, а тоа е дека воведуваме уште пет нови авиолинии и тоа до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано, а до Скопје од Будимпешта и Наполи.
Визер следната година ќе понуди 3,3 милиони седишта за Македонија што ќе има директен импакт врз туризмот и економијата, а ќе донесе шест нови авиони од типот Ербас А321. Дополнително ќе работимена тоа да се вработат уште стотина македонски граѓани во авиокомпанијата, истакна на денешната прес-конференција вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
До охридскиот аеродром како што најави, ќе се лета од Катовице -Полска од 28 јуни следната година, Вроцлав исто така Полска од 28 јуни следната година, што, според него, е многу значајно за отворање на Полска како земја која е многу заинтересирана за туризам во Македонија, особено полските туристи кои како што рече Николоски, се добродојдени во охридскиот регион.
Третата дестинација е Милано-Малпенса главниот аеродром која исто
така ќе оперира од 28 јуни следната година. На тоа додаваме уште две
нови линии кон скопскиот аеродром, Наполи-Италија со почеток од 6 април
следната година и Будмишта -Унгарија од 6 април следната година. Ако на
ова ги додадеме претходните пет линии кои ги објавивме пред месец дена,
тоа е главниот аеродром Стокхолм и Мадрид кои почнуваат од 2 ноември,
потоа Келн кој што почнува на 20 декември, Бари и Прага исто така на 20
декември и Ларнака која почнува на 30 октомври, тоа се вкупно 11 нови
авиолинии за само месец и половина во соработка со нашите пријатели од
Визер.
Втората вест е дека Визер на скопскиот аеродром ќе донесе шест авиони
кои ќе бидат постојано присутни на аеродромот, до сега беа четири, ќе
оди и на 7-8 и што е многу значајно прават замена на старите Ербас А320
на нови Ербас А231, кои се најмодерните авиони во светот во моментов“.
Како што појасни Николоски, тоа се авиони кои најмалку загадуваат и прават помалку бучава и авиони кои се со 239 седишта што ќе значи околу 59 % зголемување на капацитетот од следната година.
„Визер од следната година ќе понуди 3,3 милиони седишта за Македонија што може да замислите што ќе значи за туризмот и за економијата во Македонија. Третата добра вест е 200 Македонци работат во Визер и таа бројка планираме во следниот период да ја зголемуваме за најмалку уште 100”, додаде вицепремиерот.
Извршниот директор на Визер, Јосеф Варади истакна дека во Македонија гледаат партнер и како пазарен лидер во регионот воведуваат бенефити за граѓаните. Потенцираше дека до крај на годината ќе воведат шест летала и пониски цени, како и 3,3 милиони седишта во следната година за Македонија што ќе значи развој на туризмот и економијата. Тој додаде дека очекува дополнително да се вработуваат македонски граѓани во компанијата.